Автопатската делница Демир Капија - Смоквица се гради побрзо од планираното. Моментно се расчистени околу 85 проценти од трасата на автопатот во изградба и се работи на пробивање на тунелските цевки од првиот тунел. Досега во десната тунелска цевка се пробиени околу 300 метри, а во левата околу 250. Инвестицијата во автопатот достигнува околу 220 милиони евра. Според премиерот Никола Груевски, досега се исплатени околу 24 милиони евра, а до крајот на годината ќе бидат исплатени околу 55 милиони евра. Следната година се планира да бидат инвестирани дополнителни 55 милиони евра и година подоцна околу 60 милиони евра и преостанатиот дел во првите осум месеци од 2016 година кога треба да заврши изградбата на овој автопат.
Автопатската делница Демир Капија - Смоквица се гради побрзо од планираното.
Моментно се расчистени околу 85 проценти од трасата на автопатот во изградба и се работи на пробивање на тунелските цевки од првиот тунел. Досега во десната тунелска цевка се пробиени околу 300 метри, а во левата околу 250. Инвестицијата во автопатот достигнува околу 220 милиони евра.
Според премиерот Никола Груевски, досега се исплатени околу 24 милиони евра, а до крајот на годината ќе бидат исплатени околу 55 милиони евра.
„Следната година се планира да бидат инвестирани дополнителни 55 милиони евра и година подоцна околу 60 милиони евра и преостанатиот дел во првите осум месеци од 2016 година кога треба да заврши изградбата на овој автопат“, изјави Груевски по обиколката на градежните работи.
Со завршувањето на оваа делница ќе биде завршен целиот автопат, почнувајќи од границата од Србија до границата со Грција. Делницата Демир Капија - Смоквица ќе биде автопатско решение со по две ленти, секоја од нив со ширина од 3,5 метри. Планирано е да бидат изградени два тунела во должина од 1.200 и 1.100 метри, како и шест моста, од кои најголемиот во должина од околу 660 метри. Предвидени се и две клучки кон Миравци и Смоквица.